Thursday, December 17, 2009

Monday, November 16, 2009

Која е дијагнозата? "6"

AV блок III степен и продолжен Q-T интервал.

Friday, November 6, 2009

Која е дијагнозата? "5"

Одговорот на овој случај е:
AVNRT (Atrio-Ventricular Nodal Reentry Tachicardia)
"Fast-slow".
Оваа значи дека тахикардијата е од суправентрикулрно потекло поточни над снопот на His.
AVNRT е најчеста суправентрикулрна тахикардија и се јавува 75% од случаите кај женскиот пол. Најчести се симптомите како срцебиење, палпитации, страв, замор.
Постојат два вида од оваа тахикардија од кој едиот овде прикажан (слика 1, слика 2) е "Fast-slow" тип каде импулсот од предкомората се пренесува брзо во комората а антероградниот пат на импулсот (назад кон комората) е бавен и се забележува P-бран после QRS-комплексот. Значи основа за оваа тахикардија е reentry циклусот на импулсот кој кружи некаде над ниво на Хисовиот сноп, односно постои антерограден пат на импулсот кон комората и уште еден ретрограден пат кон преткомората.

Слика 1

(стрелките означуваат P-бранот)

Слика 2

(стрелките означуваат P-бранот)

Вториот тип на овој вид тахикардија е "Slow-fast" кога импулсот од предкомората се пренесува бавно во комората а антероградниот пат на импулсот (назад кон комората) е брз и не се забележува P-бран после QRS-комплексот, бидејќи тој е вклопен во самиот QRS-комплекс.
Овој вид на суправентрикулрна тахикардија не- AVNRT, не треба да се помеша со суправентрикулрна тахикардија со акцесорен пат или WPW синдромот каде акцесорен пат беше снопот на Kent. Клик овде да се потсетиме за WPW.


Monday, November 2, 2009

Која е дијагнозата? "4"

Одговорот на оваа прашање е:
WPW синдром или синдром на пре ексцитација на вентрикулите.
Знаците кои не упатуваат на оваа дијагноза е "delta" бранот кој всушност означува дека спроведувањето на импулсот од преткомората до комората се одвива преку скратен пат и тоа преку акцесорниот сноп на "Kent". Затоа не постои нормалното задржување на импулсот во A-V јазол и QRS комплексот почнува директно од крајот на P-бранот.





За оние кои саккат да прочитаат нешто повеќе за оваа дијагноза клик овде

Која е дијагнозата? "3"

Одговорот на овој случај е:
LAH
-Left anterior hemiblok (Лев преден полублок / Блок на лев преден фасцикул)
Знаците кои не упатуваат на оваа дијагноза се длабоките S- забци во II и III одвод, и левата девијација на оската-Исто длабок S забец во aVF.
Овој блок значително не го пореметува пренесувањето на импулсот и затоа не постои карактеристичното проширување на QRS комплексот кое е карактеристично за блок на цела гранка.
Причини за оваа пореметување најчесто се дегенеративни пореметувања во спроводниот систем, и ако не е поврзано со инфаркт на долниод зид (да се пази да не се помеша), најчесто LAH не претставува посебен проблем. Само во ретки случаи преминува во LBBB.