AVNRT (Atrio-Ventricular Nodal Reentry Tachicardia)"Fast-slow".
Оваа значи дека тахикардијата е од суправентрикулрно потекло поточни над снопот на His.
AVNRT е најчеста суправентрикулрна тахикардија и се јавува 75% од случаите кај женскиот пол. Најчести се симптомите како срцебиење, палпитации, страв, замор.
Постојат два вида од оваа тахикардија од кој едиот овде прикажан (слика 1, слика 2) е "Fast-slow" тип каде импулсот од предкомората се пренесува брзо во комората а антероградниот пат на импулсот (назад кон комората) е бавен и се забележува P-бран после QRS-комплексот. Значи основа за оваа тахикардија е reentry циклусот на импулсот кој кружи некаде над ниво на Хисовиот сноп, односно постои антерограден пат на импулсот кон комората и уште еден ретрограден пат кон преткомората.
Слика 1
(стрелките означуваат P-бранот)
Слика 2
(стрелките означуваат P-бранот)
Вториот тип на овој вид тахикардија е "Slow-fast" кога импулсот од предкомората се пренесува бавно во комората а антероградниот пат на импулсот (назад кон комората) е брз и не се забележува P-бран после QRS-комплексот, бидејќи тој е вклопен во самиот QRS-комплекс.
Овој вид на суправентрикулрна тахикардија не- AVNRT, не треба да се помеша со суправентрикулрна тахикардија со акцесорен пат или WPW синдромот каде акцесорен пат беше снопот на Kent. Клик овде да се потсетиме за WPW.
No comments:
Post a Comment