Monday, November 2, 2009

Која е дијагнозата? "3"

Одговорот на овој случај е:
LAH
-Left anterior hemiblok (Лев преден полублок / Блок на лев преден фасцикул)
Знаците кои не упатуваат на оваа дијагноза се длабоките S- забци во II и III одвод, и левата девијација на оската-Исто длабок S забец во aVF.
Овој блок значително не го пореметува пренесувањето на импулсот и затоа не постои карактеристичното проширување на QRS комплексот кое е карактеристично за блок на цела гранка.
Причини за оваа пореметување најчесто се дегенеративни пореметувања во спроводниот систем, и ако не е поврзано со инфаркт на долниод зид (да се пази да не се помеша), најчесто LAH не претставува посебен проблем. Само во ретки случаи преминува во LBBB.

No comments:

Post a Comment